https://www.google.com/search?as_st=y&tbm=isch&hl=en-US&as_q=volodymyr+zelensky&as_epq=&as_oq=&as_eq=&cr=&as_sitesearch=&safe=images&tbs=sur:cl,isz:lt,islt:svga#imgrc=qoXG2se4QK7qSM&imgdii=Kl7S8YGu_6iHqM

30.09.2022 Скопје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина официјално аплицирала за забрзана процедура за прием во НАТО.

Зеленски порача дека е превземен решителен чекор со ова потпишување на барањето за забрзан пристап кон НАТО, исто така изјави дека Украина е подготвена за преговори со Москва, но не и со претседателот на Русија, Владимир Путин, туку со друг претседател.

Украинскиот премиер Денис Шмихал, потврди дека претседателот на парламентот и претседателот Зеленски и тој, потпишале формално барање за забрзано членство во НАТО. Исто така, Советот за национална безбедност на Украина, одржал состанок за да ги разгледа мерките во врска со пристапувањето на четирите украински региони кон Русија.

Како што се наведува, се разговарало за мерки кои треба да се превземат за да се обезбеди колективна безбедност на евроатланската област и на Украина, таквите мерки треба да вклучат и спроведување на стратегија на нуклеарно одвраќање на Русија од страна на украинските сојузници.

Подготвено од М.Н.

About Author