10.09.2022 Скопје
Британскиот крал Чарлс, во текот на вчерашниот ден, ги прогласи својот најстар син принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин за принц и принцеза од Велс, титули кои претходно ги имаа кралот Чарлс и неговата поранешна сопруга Дијана.
Во своето прво обраќање до нацијата како суверена и прво по смртта на кралицата Елизабета Втора, кралот Чарлс изјавил дека Вилијам ќе го наследи како војвода од Корнвол и ќе ја превземе одговорноста за Војводството Корнвол.
Новиот британски крал, рекол дека се чувствува многу гордо, бидејќи го нагласил Вилијам за принц од Велс. Така и сопругата на принцот Вилијам стана и прва принцеза од Велс, по смртта на принцезата Дијана во 1997 година.
Дијана ја задржа титулата, принцеза од Велс по разводот со Чарлс во 1996 година, се до нејзината смрт. Иако втората сопруга на Чарлс, Камила, ја наследи титулата на Дијана кога стапи во брак со Чарлс во 2005 година, но Камила не сакала да ја користи поради нејзината поврзаност со непокајаната принцеза, и се претстави како војвотка од Корнвол.
Подготвено од М.Н.