https://www.facebook.com/borutpahor.si/photos/pcb.10160415644047859/10160415643667859

03.09.2022 Скопје

Претседателот на Словенија, Борут Пахор по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека има доволно политичка волја во регионов за зачувување на европската перспектива на Западен Балкан и стабилноста.

Пахор изјавил дека мисли дека постои можност сите лидери од регионот да се договорат за три централни прашања.

Словенскиот претседател изјавил дека го загрижува фактот што нивото на доверба на дијалог меѓу Белград и Приштина е пониско од претходно и дека дијалогот не довел до решение кое сите го посакувале.

Во духот на соработка проблемите би можеле полесно да бидат решени, иако сега во овој момент изгледаат дека се нерешливи. Србија, Северна Македонија и Албанија треба да ги забрзаат преговорите за влез во ЕУ, а Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус до крајот на неделата а ЕУ да ја исполни својата обврска за визна либерализација, изјавил Пахор.

За ставот на Србија, за санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија, Пахор изјавил дека, доколку Србија е сигурна во ЕУ, повеќе ќе размислува за санкции, а не само за осуда на војната во Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *