28.09.2022 Скопје
Премиерот на Канада, Џастин Трудо, изјави дека Канада ќе воведе нови санкции кон Москва поради „лажните“ руски референдуми во четири окупирани украински региони. Воедно, додаде дека Канада никогаш нема да ги признае резултатите од референдумите или обидот на Русија за илегална анексија на украински територии.
Канадскиот премиер Трудо истакна дека имаат намера да воведат нови санкции против поединци и ентитети кои се вклучени во овој последен обид за поткопување на принципите на државниот суверенитет и кои ја споделуваат одговорноста за бесмисленото крвопролевање низ Украина.
Референдуми беа спроведени во четири региони – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои сочинуваат околу 15 отсто од украинската територија. Како што известуваат проруските власти во окупираните украински региони известија дека мнозинството од населението гласало за приклучување кон Русија на референдумите.
Подготвено од А.Ѓ.