https://www.flickr.com/photos/kenan-institute/43213833374/in/photolist-28QEc7E-2nnZr3J-2nnX1WQ-2kGZSsB-2kGZSAs-2nnZqZC-2nnX1Jk-2nc65Sc-2nhcfhT-2nnRzAi-2nnX1VY-2nnRzVG-2nnRA1M-2mb9ixx-2nnX1Gw-2nnWSvQ-2mPzegB-2nnRAwb-2nnX2oS-2mPzeh8-2nnWS6g-2nnRAnD-2nnRA9C-2nnRAkV-2mWy4HT-2nnRzXW-2nnWShU-2nnY6HC-2mNeNo6-2nnX1Mb-2nnX1Le-2i278VU-2kMztBQ-2nnZrgz-2mWzixF-2nnRzpM-2nnWSjc-Swy6St-2ncA6Gc-2nnX1ZL-Swy6tn-2nnRAux-AQSJYQ-2nnRAa9-2mPWNJR-2nnY65D-2nnZrdP-2nnZreR-2nnY6CH-2nnX1Wz

18.09.2022 Скопје

Марк Мили, американскиот врховен генерал, предупреди дека во моментов се уште не се знае како Русија би можела да реагира на најновите неуспеси на бојното поле во Украина. Американскиот врховен генерал повика на претпазливост меѓу американските војници за време на посетата на воената база во Полска, која и помага на Украина во нејзината борба.

Според американскиот врховен генерал Мили, американските трупи во Европа не се под некаква зголемена закана, но истакна дека тие мора да бидат подготвени. Воедно, додаде дека во водењето на војната, едноставно никогаш не се знае што ќе се случи следно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author