23.09.2022 Скопје
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров одржал говор во кој им се обратил на Русите кои ја напуштаат земјата поради најавата на рускиот претседател Путин за делумна мобилизација.
Кадиров, во своето обраќање, изјави дека тие кои ја напуштаат Русија се девијанти, кукавици и предавници и дека разните изговори кои ги имаат не се идеални, бидејќи само една е вистина, а тоа е дека не ја подржуваат политиката на својата земја.
Кадиров истакна дека кога им била потребна држава, биле граѓани и тоа со големи букви, биле почитувани, со свои права и го уживале секој комфорт на својата држава, а сега кога им биле потребни тие граѓани на државата за да дадат поддршка тие граѓани одбиваат и се пуштаат во бегство.
Граѓаните на Русија не се воопшто благодарни на државата, а посебно да бидат нејзини бранители, тие кои избегаа се обични кукавици, робови на своите души, тие граѓани ги напуштија свиоте куќи, своите семејства, пријатели, никакви изговори нема да го исперат овој срам и кукавички однос, изјавил чеченскиот лидер Рамзан.
Подготвено од М.Н.