https://www.facebook.com/photo?fbid=10226004077193077&set=bc.AbrJCOsf6owyb0hyseS-F02vjgR7DqWAlOkLMDQMqHY6vKlYzXMpleK3gLn6bNaxfbbOwvfeOF7dgkive7KqL3bhofpDCHVnY6oJmB-GsY5CgqpTgFwkn8O0yZ3o0wFVrFCD_AlLAFBCZa9TGAy4RZr7kiMcvnEbd_IhexBdVN7ISh6qxzr-9p_vsgIwhQ-vvpjQWu49aNzNLtftjIT9_UJd&opaqueCursor=AbruIiS2cZg6T__-PPh0Ivi0R7yRdy7gmxV_zAmWWsAMqaQlfPJj8oPZDvu_uNwuNCiU8WNNCigedIRjtcvHJM5j-5EyLRYA_w15hGvZpmAVfWubwxU69YsRm46z43oqp9TA71eBecrBqAE7Jj9269F-Bei_4FrdmATF7GAcxecj6c-wTNCy554P1vjb4BieIsAiP34w4GPiHhleS2tHRbSISiTvOkJRt0E4-tgKkMZnR6gE33eAIvRgsQmXMa-4moAfVOq3AJkbAoQWJg_Kc_XoKoVKRxEuwBFemAOBFVVOKwOjXK8ZLK_zzCyUm76BrpmtTOv-hLm5XKaBWJ4kf8eNHaU7j539giwimoXyCnSyIcy8dYhjxZ0GSL5iR8q-jVxGkkaWdEeGOQE1BVYKuxco5aikPP-rsfBcz6n2wefTtlMEBtoU1Hh-BeXekfiQFBJ5U-mTfN69yQTEloQeUzsEIYKtUPJGXdiNMuP7MtEiUauX6-o29iHlEqJwxzr6eGHopeaLwrOw1uu-9njdggonVFGdp1nkByxlv2XOB70vRb_7gAH1-0VBZSK6kk8V8Cj0PKinODC_m9307YAqM0NyexrCX_596o1y32ihTDi4naYWe1zeeph1e8VYAvhYMHxrfZdUANDlNOIpJnRiXvt0NI9oPXTCgl94nkjPtJP77n1eLsdGDQDjkRghcRcaXgE

19.09.2022 Скопје

Новите членови на Судскиот совет, Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, во денешниот ден ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Новите членови изјавиле дека ќе се залагаат за доследно почитување на критериумите при избор на судиите и нивно напредување во судската кариера, како и за севкупното зголемување на довербата во судството во Северна Македонија.

За малата доверба во судството, истакнале дека има повеќе причини, но сепак тие ќе се борат и ќе дадат се од себе да се изградат мерки кои ќе ја кренат довербата на потребното ниво. Новите членови истакнале дека сите заедно ќе се залагаат за доследоно почитување на критериумите за секој ново избран судија.

Новите членови на Судскиот совет велат дека треба да напредуваат квалитетни кадри, бидејќи тоа ќе придонесе различен поглед на јавноста кон судството. Судиите кои излегуваат од Академијата се подготвени за работа, а исто така е добро да се кренат и оние кои се добри судии, а останале на пониски позиции поради одредени причини.

Недостиг на судии има во сите степени во судството, и време е тие места полека да почнат да се пополнуваат, изјавила Радевска-Стефкова, која на забелешка дека со бројот на судии сме над европската пракса, посочила дека треба да се размислува за судиската мрежа и организација.

Подговено од М.Н.

About Author