07.09.2022 Скопје
Украина во текот на денешниот ден ги повикала жителите на областа околу нуклеарната централа Запорожје да се евакуираат заради сопствената безбедност.
Украинската вицепремиерка Ирина Верашчук на социјалните мрежи напишала, жителите да најдат начин да стигнат до територија која е под украинска контрола, ќе бидат таму пречекани и сместени на безбедно.
Дмитро Орлов, поранешниот градоначалник на Енергодар, кој ја опслужува нуклеарната централа, на Телеграм напиша дека градот е под оган од руските сили и воопшто нема струја на таа територија.
Москва и Киев пак, меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа Зопорожје, кој е инаку најголема нуклеарна централа во Европа. Од слики и видеа на социјалните мрежи може да се види дека населението од тој регион масовно се евакуираат од своите домови.
Подготвено од М.Н.