26.09.2022 Скопје
Италија се подготвува да ја добие првата жена премиер. Џорџија Мелони е 45-годишна новинарка, родена во италијанската престолнина Рим.
Џорџија Мелони е првиот екстремно десничарски лидер по Бенито Мусолини, што го зголемува стравот кај некои европски лидери. Според последните анкети, Мелони е пред историска победа во Италија, откако нејзината коалиција Браќата на Италија освои најмногу гласови на изборите и оваа победа ќе ја направи првата жена премиер на Италија.
Радикално националистичката партија на Мелони, според анкетите, ќе биде убедливо најважната од трите главни групи на десницата во следниот парламент со околу 24% од гласовите.
Браќата на Италија своите корени ги поставија од постфашистичкото Италијанско социјално движење, кое се сметаше за политички аутсајдер во главните текови на земјата се додека не беше распуштено во средината на 1990-тите.
Мелони на овие избори забележа огромен раст во бројот на освоени гласови за разлика од поразителните 4% на изборите во 2018 година.
Џорџија Мелони, стоејќи пред контроверзното лого на Браќата на Италија, во нејзиниот победнички говор се осврна на две клучни прашања, ситуацијата во Италија и односите со Европската Унија. Иако, некогаш беше позната како евроскептик, Мелони сега нагласува дека сака да соработува со Брисел и таа е солиден поддржувач на Украина во нејзиниот конфликт со Русија.
Бројните контроверзни изјави на Мелони често беа критикувани од страна на левичарските лидери од Европската Унија. Во говорите низ годините, Мелони „удри“ по илегалните имигранти и „ја разбуди идеологијата“. На американските конзервативци, Мелони им има кажано дека целиот идентитет на Италија е нападнат и ја обвини Европската Унија дека е соучесник во етничката „замена“. Воедно, таа го брани и му се восхитува на Виктор Орбан, популистичкиот премиер на Унгарија.
Подемот на Мелони го следи успехот на шведските демократи, кои минатата недела ја прогласија победата на изборите во таа скандинавска земја. Марин Ле Пен во Франција освои 41 отсто од гласовите во нејзината трка против Емануел Макрон, во април. Сето ова се знаци на моќна промена на европската рамнотежа кон националистичката тврда десница. Заситени од неуспесите на етаблираните партии, гласачите се осврнуваат кон неиспробаните и непроверените политичари.
Подготвено од А.Ѓ.