https://flickr.com/photos/vladamk/52227472509/

02.09.2022 Скопје

Услов бугарската влада да поддржи отварање и затварање на поглавјата со Европската Унија е Северна Македонија во целост да ги исполни одредбите од Договорот од 2017 година, во кој многу важен дел се историските прашања, изјавил бугарскиот амбасадор во Вашингтон, Георги Панајатов.

Многу важен дел од договорот од 2017 година е билатералната Комисија за историски и образовни прашања и нејзината работа на објективно, научно толкување на заедничката историја на двете земји, и дека штом ќе се реши историското прашање, проблемот со јазикот нема да може да го наруши односот меѓу двете држави, изјавил бугарскиот амбасадор.

Бугарскиот амбасадор, меѓудругото, истакнал и за санкционирање на говорот на омраза, како и за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка.

Како потсетување, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, веднаш по потпишувањето на вториот билатерален протокол за исполнување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година, рече дека историските прашања нема да бидат одредница за отворање и затворање на поглавјата со Европската Унија.

Подготвено од М.Н.

About Author