30.09.2022 Скопје
Најновите проценки на Евростат покажаа дека инфлацијата во еврозоната се забрза во септември, достигнувајќи 10 отсто. Од воведувањето на еврото, ова е ново највисоко ниво.
Инфлацијата изразена со хармонизираниот Индекс на потрошувачки цени во еврозоната изнесуваше 9,1 отсто, во август.
Во септември, стапката на инфлација претставува ново највисоко ниво од воведувањето на заедничката европска валута во 1999 година. Евростат ја пресметува инфлацијата од 1996 година.
Во споредба со август, потрошувачките цени во септември пораснале во просек за 1,3 отсто, што е повеќе од двојно повеќе од август.
Во споредба со септември 2021 година, цената на енергијата е поскапа за 40,8 отсто. Во август, цената беше поскапа за 38,6 отсто од претходната година.
Забрзан е и растот на цените на храната, алкохолните пијалоци и тутунските производи, на 11,8 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.