28.09.2022 Скопје
Италијанската националистичка политичарка Џорџа Мелони, која треба да стане премиерка на Италија, ветила дека Киев ќе има целосна поддршка, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски и упатил честитки за изборната победа.
Италијанската крајнодесничарска партија Браќа на Италија, која е предводена од Мелони, освоила 26 отсто од гласовите на одржаните избори, а според изборните резултати, нејзината коалиција има убедливо мнозинство во парламентот.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, упати честитки за победата и желби за успешни соработки, со што набргу Мелони одговорила дека Украина може да смета на лојална поддршка за слободата на украинскиот народ.
Мелони беше една од ретките политички лидери кои ја поддржаа одлуката на премиерот во заминување Марио Драги да испорача оружје во Украина, иако таа тогаш беше во опозиција на неговата влада. Наспроти нејзините два политички сојузници, Лига и Форца Италија, кои беа во коалицијата на Драги, беа многу по воздржани, што ги одразува нивните историско блиски односи со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Нагласувајќи ја длабочината на тие врски, лидерот на партијата Форца Италија, Славио Берлускони, минатата недела изјавил дека Путин бил „принуден“ за да ја нападне Украина.
Подготвено од М.Н.