01.09.2022 Скопје
Пратеничката од редовите на владеечката партија во Северна Македонија, Жаклина Лазаревска изјави дека институциите предводени од СДСМ во изминатите пет години сериозно вложуваат во унапредувањето во образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес. Се работи и на достоинствено вреднување на трудот на наставниот кадар со досегашните покачувања на платите од 21 процент, сега вработените од основните и средните училишта ќе имаат поголеми плати за 36 отсто, во однос на 2017 година.
Значително е зголемен и бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава, кои во минатата година беа 500 ученици а сега нивниот број изнесува 750, изјави Лазаревска.
Лазаревска кажа и дека Владата инвестира и во ученичкиот и во студентскиот стандард за да има повеќе мотивирани ученици и студенти.
СДСМ и во време на светска економска криза покажува вистинска грижа за образованието, за наставниците, за учениците. На крајот пратеничката Лазаревска упати порака до просветните работници и до учениците, да ги пратат многу среќни мигови и многу успеси во новата учебна 2022 година.
Подготвено од М.Н.