30.09.2022 Скопје
Рускиот претседател Владимир Путин, потпиша указ со кој украинските области Херсон и Запорожје ги призна како независни територии.
Во согласност со општоприфатените принципи и норми на меѓународното право, признавајќи и потврдувајќи го принципот на самоопределување и рамноправност на народите, содржан во Повелбата на Обединетите нации, водејќи сметка за волјата на народот на областа Херсон, на референдумот кој беше оддржан на 27 септември 2022 година, донесов одлука да ги признам суверенитетот и независноста на областа Херсон, се наведува во објавениот документ.
Со истата содржина во вториот потпишан указ, се признава суверенитетот и независноста на областа Запорожје.
Подготвено од М.Н.