10.09.2022 Скопје
Претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на социјалнта мрежа фејсбук напишал дека во Северна Македонија премногу е девалвиран младиот земјоделец, бидејќи една хартиена кеса чини повеќе отколку еден килограм грозје.
Попов потенцирал дека една мала група која е привилигирана од страна на власта односно СДСМ/ДУИ се луксузира и ги троши народните пари, а од друга страна најголем дел од младите едвај врзуваат крај со крај. За еден камион грозје Владата давала само 2000 денари, а со таа цена младите земјоделци останувале девалвирани и задолжени бидејќи повеке имаат вложено од тоа што ќе го добијат на крајот.
Претседателот на Унијата на Млади сили на опозициската партија, вели дека за ова понижување се одговорни господата од Владата. Северна Македонија е земјоделска земја и Владата мора да инвестира повеќе во младиот земјоделец без разлика кој од која партиска припадност ќе биде, напиша на својот фејсбук профил, лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Подготвено од М.Н.