https://www.facebook.com/photo.php?fbid=300433375464265&set=pb.100064928130593.-2207520000..&type=3

10.09.2022 Скопје

Веб-страната на Министерството за образование и наука (МОН), од минатата вечер, е хакирана. Во моментов страната е целосно исклучена и до неа пристап нема, на сајтот на Министерството за образование и наука пишува дека страната е хакирана од страна на грчки хакерски тим.

Министерството за образование и наука е во комуникација со Националниот (ЦИРТ), центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации, каде што е пријавен случајот и од каде очекуваме со поддршка од МВР, да се превземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите.

Во меѓувреме ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници превзема дејности за зајакнување на безбедноста на веб страната, и потоа повторно ќе биде активирана.

Од Министерството за образование и наука, посочуваат дека нема потреба од грижи за наводно превземање на некакви бази на податоци на граѓаните, бидејќи на веб-страната не постојат такви позадински бази и истата има само информативен карактер.

Подготвено од М.Н.

About Author