https://www.facebook.com/unitednations/photos/pcb.10160696657665820/10160696656125820/

20.09.2022 Скопје

Генералната дебата на 77. Собрание на ОН започнало денес со обраќање на генералниот секретар, Антонио Гутереш. Пред светските лидери Гутереш посочил дека земјите се затворени во огромна глобална дисфункција и не се подготвени да се соочат со водечките предизвици кои ја загрозуваат иднината на човештвото и судбината на планетата.

Гутереш кажал дека светот е парализиран и е во голема опасност, но сепак смирува дека се уште постои надеж, нагласувајќи дека соработката и дијалогот се единствен пат за да се оди напред. Гутереш предупредил дека ниту една моќ или група нема да може сама да носи одлуки.

Треба да се работи заедно, како една коалиција на светот, треба сите да бидат обединети како една нација, се обратил Гутереш на присутните лидери во огромната сала, каде што биле присутни и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Генералниот секретар на ОН зборувал и за вoјната во Украина, зголемувањето на бројот на конфликти во светот, вонредната состојба поради климатските промени, тешката финансиска состојба на неразвиените земји и квалитетното образование за сите деца во светот.

Подготвено од М.Н.

About Author