https://www.facebook.com/photo?fbid=489877539817229&set=pcb.489879699817013

25.09.2022 Скопје

Од Владата соопштија дека грејната сезона ќе почне навреме. Додека пак, идната недела треба да се знае од каде ќе се набавува електрична енергија за стопанството, а за граѓаните и за малите компании кои се на регулираниот пазар снабдувањето со електрична енергија е сигурно.

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, најави дека следната недела е клучна кога би требало да се знае од каде ќе се набавува струја за стопанството, нагласувајќи дека има позитивни сигнали. Според вицепремиерот за економски прашања Битиќи, се што е под берзанската цена може да се смета за евтина цена. Воедно, истакна дека имаат ситуации кога цените одат до 1 000 евра по мегават и ако се понуди цена од 300 евра, тоа претставувало навистина евтино затоа што е помалку од една третина од цената на електричната енергија, а сфаќа дека капацитетот на стопанството понекогаш не е толку подготвен да плати, но се обидуваат да им обезбедат струја.

Крешник Бектеши, министерот за економија, изјавил дека се преговара со сите соседни држави за да се обезбеди поевтина електрична енергија за стопанството, но очекувањата на бизнис секторот биле максимални. Воедно, истакнал дека бараат директна субвенција од страна на државата од 20 милиони евра за првите десет потрошувачи во државата, чија потрошувачка е околу 80 илјади мегавати на час, а ако ги земат во предвид денешните цени и колку бараат субвенција, само за тие десет компании, државата ќе треба да одвои околу 20 милиони евра, потенцирајќи дека овие барања на стопанството се нелогични затоа што токму тие 10 најголеми потрошувачи на електрична енергија имаат направено огромни профити минатите години.

Во моментов се преговара со Бугарија за набавка на струја. Додека пак, се прават и напори во зимскиот период во основните и средните училишта наставата да се одвива со физичко присуство, по барањата на дел од општините да се премине кон онлајн настава поради високите трошоци за затоплување на училиштата.

За домаќинствата и малите компании кои се на регулираниот пазар, до март ќе има струја.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author