https://twitter.com/GreeceMFA/status/1567754952923123717/photo/1

08.09.2022 Скопје

Честитка по повод Денот на независноста на Северна Македонија, преку официјалниот твитер профил има упатено и Министерството за надворешни работи на Грција.

На твитер профилот стои објава во која е изразено најдобри желби до Владата и народот на Северна Македонија по повод 8 Септември и им посакуваат да бидат успешни и набргу да станат членови на големото европско семејство, да имаат многу заеднички соработки како и до сега.

Паралелно заедно со твитот, објавија и фотографија од македонското знаме и пораката дека Грција ги изразува своите најдобри желби до народот во Северна Македонија, бидејќи денеска го слават нивниот ден.

„Честит Ден на Независноста, Северна Македонија!„

Подготвено од М.Н.

About Author