https://www.facebook.com/kyriakosmitsotakis/photos/pb.100044193621427.-2207520000../10158662736742725/?type=3

20.09.2022 Скопје

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, порача дека Грција избира да не загризе на мамката на провокации од Турција, бидејќи треба да се справат со големо крешендо на изјави и позиции кои ја преминале границата.

Кирјакос Мицотакис истакна дека охрабрувачки во односите со Турција се неодамнешните анкети, според кои Турците сметаат дека сите изјави се од предизборни причини, со што додаде дека најохрабрувачко е тоа што 63 отсто од Турците не ја сметаат Грција за закана и со тоа се уверува дека кога би се спровело исто истражување во Грција, резултатите би биле скоро исти. Исто така, додаде дека земјата има силни сојузи и силни вооружени сили и сите знаат дека не можат да си играат со Грција.

Грчкиот премиер, во врска со енергетската криза, нагласи дека осум месеци се инсистира и се зборува за потребата да има една цена за природниот гас, не само за рускиот, туку и за гасот што се увезува во Европа во целост и објасни дека Грција ќе продолжи да ги поддржува граѓаните и најави дека ќе има дополнителни мерки, стимулации за заштеда на електричната енергија. Додека пак, во однос на Ковид-19, премиерот на Грција истакна дека земјата нема повторно се да затвори, затоа што на епидемијата веќе и се гледа крајот, но сепак нагласи дека потребно е да бидат внимателни ранливите категории и граѓаните над 60-годишна возраст да се вакцинираат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author