11.09.2022 Скопје
Бродовите на грчката крајбрежна страна, пукале врз товарен брод во Егејското Море, соопштиле од турската крајбрежна стража. Во соопштението се вели дека во уште една ескалација на тензии меѓу Турција и Грција за среќа нема жртви, бродот пловел југозападно од турскиот остров Бозјаде.
Од грчката амбасада во Анкара се уште се немаат изјаснето за ова прашање, односно дали се вистина обвинувањата на Турција, а секако и не се знае причината зошто бродот бил нападнат.
Двете земји се во спор веќе со децении, а тензиите наеднаш ескалираат во последните недели по обвинувањата за нарушување на воздушниот простор од страна на двете земји. Грчките власти изразиле загриженост, бидејќи по војната која се уште трае, односно војната во Украина, би можело да избие уште еден конфликт на тлото на Европа.
Подготвено од М.Н.