https://www.facebook.com/photo.php?fbid=625711398918382&set=pb.100044385821029.-2207520000..&type=3

03.09.2022 Скопје

Државните институции и нивните челници да бидат пример, но и граѓаните да се завземат максимално во штедењето на електричната енергија, побарал на денешната прес-конференција вицепремиерот Артан Груби.

Груби денес присуствувал во Арачиново на настан за пуштање во употреба на водоводна мрежа, а пораките да се штеди ги испратил до сите присутни на настанот. Груби кажал дека ќе се соочиме со многу тешка зима, и не само Северна Македонија туку и целиот регион и Европа и затоа упати апел дека прво државата треба да биде пример а потоа и граѓаните.

Тој кажал дека минатата ноќ поминал покрај неколку министерства и државни институции за да провери дали се исклучени осветлувањата согласно препораките на Владата и единствено запалено светло имало во зградата каде што е Министерството за екологија, но по дојавата министерот Насер Нуредини веднаш реагирал.

Вицепремиерот Артан Груби упатил апел и до граѓаните да се придржуваат кон препораките од Владата и ги повикал сите доколку некаде видат дека не се почитуваат препораките да пријават веднаш за да може соодветно да се реагира, бидејќи тоа за доброто на сите и за побезбедно да се помине зимата која сите знаат дека ќе биде многу критична.

Подготвено од М.Н.

About Author