23.09.2022 Скопје
Вчерашниот немил настан во автобус на ЈСП кој се обраќал на релација кон Кисела Вода, со остри предмети биле повредени две деца, го наметнува прашањето како да се превентира насилството на младите во градскиот превоз.
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, пред недела дена ги имаше алармирано надлежните органи, ЈСП и месните заедници во општината, дека треба со заеднички напори, низ разговори и конкретни мерки да се работи на превенција на насилството, бидејќи се почесто има случаи на повредени деца во општината.
Воедно, градоначалникот на Гази Баба одржал седница на Советот за превенција на која биле поканети претставници од месните заедници Сингелиќ и претставници од надлежните институции кои по функција се членови на Советот.
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, има кажано дека секоја институција ќе ги исполнува своите надлежности и дека само така системот целосно ќе биде функционален и упати апел до родителите на младите лица да разговараат за проблемите кои ги имаат.
Подготвено од М.Н.