https://www.facebook.com/photo.php?fbid=510087907791098&set=pb.100063696790824.-2207520000..&type=3

17.09.2022 Скопје

Горан Милевски утрово во изјава за медиуми ја потврдил информацијата дека ќе се повлече од функцијата министер за локална самоуправа во Владата.

После тригодишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа, Милевски смета дека време е за промени и на негово место да дојде друг кадар од ЛДП. Во партијата на ЛДП чиј претседател е Милевски се водат разговори за негов наследник во министерскиот ресор, од партијата исто така изјавиле дека не се работи за никаков раздор во внатрешноста и дека до крајот на тековната година треба да се одржи редовен конгрес на кој ќе се донесуваат клучни партиски одлуки.

Милевски во 2015 година ја наследил лидерската позиција во ЛДП од Андреј Жерновски. Министер за локална самоуправа е од 2019 година, оваа функција ја извршувал во првиот мандат на Владата предводена од Зоран Заев, во преодната Влада, а потоа и во вториот мандат на владиниот состав на Заев.

Ресорот локална самоуправа го задржа Милевски и во актуелната Влада на премиерот Димитар Ковачевски, која беше избрана за 16 јануари оваа година. Од Владата и од ЛДП засега немаат дадено изјави за најавената оставка на Милевски.

Подготвено од М.Н.

About Author