30.09.2022 Скопје
И покрај забраната за извоз, германската Влада одобри испорака на воена опрема и муниција за борбени авиони за Саудиска Арабија.
За испораката извести министерот за економија, Роберт Хабек, во писмо до одборот за економија на германскиот Парламент. Според писмото, извозната дозвола е составен дел од заедничката програма на Германија, Италија, Шпанија и на Велика Британија.
Станува збор за прв случај во мандатот на коалициската влада, да биде искористена можноста за исклучок и да биде одобрен извоз за оружје за Саудиска Арабија, на контроверзен купувач.
Опремата и муницијата за авионите „Еврофајтер“ и „Торнадо“ се вредни 36 милиони евра. Во склоп на европскиот проект за соработка, Саудиска Арабија ќе добие и резервни делови за „Аирбус А330 МРТТ“ во вредност од 2,8 милиони евра.
Подготвено од А.Ѓ.