12.09.2022 Скопје
Генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски, си заминува од својата позиција. Тој оваа информација со јавноста ја сподели преку својот фејсбук профил, и во објавата потенцира дека е крајно разочаран од слабиот потенцијал на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Велковски напишал дека на позицијата влегол со многу надеж и ентузијазам и план да воспостави вистинска работна пракса и да ги поткрене процесите кои со години биле заглавени и далеку од потребното ниво. Иако Велковски претходно бил избран за да биде советник во Општина Чаир, каде што живее тој се одлучил да биде генерален секретар на Град Скопје бидејќи имал многу надежи да воспостави ред на ниво на цело Скопје.
Одликата која ја донел да се повлече од функцијата била големото разочарување во градоначалничката Данела Арсовска, бидејќи имала слаб потенцијал за работа и во реализирање на капиталните проекти за градот. Ветувањата кои ги има дадено Данела на граѓаните воопшто не биле во согласност со тоа кое таа го работела, покажала поинакви приоритети без динамика во темпото на реализација а додека се стои во место или бавно се движи нови проблеми се наталожуваат .
Велковски посочи дека сепак ќе продолжи да придонесува за Град Скопје и од својата наредна позиција, односно советник во Општина Чаир и дека ќе биде посветен на својата партија односно на ВМРО-ДПМНЕ и на сите членови на Општинскиот Комитет Чаир кој допрва ќе треба да го раководи.
На крајот од својата објава, Велковски се заблагодарил на сите граѓани кои му ја давале бесценетата поддршка и целата укажана доверба на советниците на Град Скопје.
Подготвено од М.Н.