03.09.2022 Скопје
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјавил дека нуклеарниот арсенал е најдобрата гаранција за зачувување на Русија.
Медведев на Телеграм напишал дека целиот стратешки нуклеарен арсенал кој останал во Русија по распадот на Советскиот Сојуз го чуваат на многу високо ниво, и дека тоа е најдобрата гаранција за зачувување на руската моќ.
Медведев упатил и предупредување дека обидите за распарчување на Русија се крајно опасни, и да не се потценуваат од страна на САД. Западот иако верува дека треба да направи се за да ја турне Русија во нова рунда на дезинтеграција, користејќи го воениот конфликт во Украина, треба да размислат во каква опасност вегуваат, напишал заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
Подготвено од М.Н.