22.09.2022 Скопје
Претседателот на Франција Емануел Макрон, изјавил дека на Украина треба да и се помогне, но не за да изврши напад врз Русија.
Должноста на државата е да и помогне на Украина, како што досега и тоа е правено, за да биде заштитена нејзината територија, но не и за да може Украина да изврши напад врз Русија, Франција не е во војна со Русија, изјавил претседателот Макрон.
Според Макрон, целта е Украина да може да пружи отпор и да си го врати својот суверенитет, а Русија секако да седне на преговарачка маса. Францускиот претседател ја оценил како голема уцена најавата на Русија за мобилизација на резервисти и заканата дека ќе го искористат нуклеарното оружје.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, кажал дека рускиот претседател Владимир Путин, имал такво нуклеарно оружје и дека опасноста секогаш е присутна се додека трае војната.
Подготвено од М.Н.