https://www.flickr.com/photos/jvvirta/6465302129/in/photolist-aRjn5n-8zksum-kjFN-23guGZv-XKAgAY-DB9MMi-fpYBaU-2aHgKNU-YEFiiC-23mxUWv-K6NVC-dnsSCL-9jDWu-LXg3SP-YYYQh5-Czd9ec-HpLtdd-2nA8tTA-grQ1v-3dVh8w-7srzui-nWBWpP-uzXnSj-4PYtg-37DQHS-6UfSCQ-5oNKDz-2vdrgQ-ckmhKE-69EdBt-5nGzqp-5n7byx-32ck6K-2d4Jg-h2uR6k-5m3sda-4NKKxP-4Ncxz6-FVzquQ-9zd8N6-W4vj5-8y4Cdj-hZJoiN-i2G9H-jMbxR-2kZ1iES-cLXn3d-6xfSJ7-ryPLK3-2kBucmN

23.09.2022 Скопје

Откако бројот на премини од руска страна кон Финска нагло се зголеми, по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна воена мобилизација, Владата на Финска соопшти дека значително ќе го ограничи влезот на руски државјани, на границата со Русија.

Комитетот на министри за надворешна и безбедносна политика заклучи дека новите визи ќе бидат ограничени, наведувајќи ја сериозната штета на меѓународната положба на Финска.

Портпаролот на граничната агенција изјавил дека бројот на Руси кои влегуваат во Финска е двојно зголемен, откако Москва најавила мобилизација за војната во Украина.

Во текот на вчерашниот ден, финската премиерка Сана Марин изјавила дека туристичките патувања на Русите мора да се запрат, вклучително и транзитот низ Финска.

Летонија, Естонија и Литванија, кои се граничат со Русија, ги заострија сопствените визни правила, а ја оставија Финска како последен ЕУ-сосед на Русија, каде што можат да влезат луѓето со шенген визи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author