https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/photos/a.258246737611607/906791309423810

16.09.2022 Скопје

Истражителите на Управата на финансиска полиција и инспектори од МВР, влегле во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изнесе тврдења за сомнителен тендер за изградба на пречистителна станица на отпадните води кои се влеваат во реката Вардар.

Тимови на Финансиска полиција и на инспектори од МВР откако ќе утврдат сознанија од наодите, ќе ја информираат и целата македонска јавност, но и Јавното обвинителство, кое во овој случај засега е координативно тело.

Информацијата дека истражните органи се веќе во акција ја објавила градоначалничката Арсовска. Директорот пак на претпријатието пак, изјавил дека чешлањето на документацијата нема да значи загрозување на проектот, кој е многу важен за главниот град.

Сомнежите за овој тендер беа причината на разрешувањето на директорот Перински, а градоначалничката очекува истрагата да ги расчисти сите дилеми околу овој тендер. По ова разрешување и по претходното разрешување на генералниот секретар на Град Скопје, следуваа и нови разрешувања или оставки на директори кои се од кадрите на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, и односите со градоначалничката Данела Арсовска која на функција дојде токму од таа партија, се крајно заострени.

Подготвено од М.Н.

About Author