https://www.flickr.com/photos/192236072@N04/51047940506/in/photolist-2mz5XzT-2ksxYN2-2nEu3qB-2kjZKrP-2krJkyR-2kViS5y-2kseBzC-2kpRMeY-2kLpRqz-2kLW3eh-2kGA9sj-2krriM9-2kZQcad-2kqtrTH-2jMqE3f-2m95sX5-2kD5tRs-2iSB22s-2kEQ5xP-2kiEXyi-2m3E7Qx-2iSB2at-2mG6ysA-2mcQNG2-2kXkSM9-2mK9N37-2kT1zsG

01.09.2022 Скопје

Агенцијата за лекарства на Европската унија (ЕМА) денеска одобри верзии на вакцини против коронавирусот прилагодени според омикрон сортата, развиени во фармацевските компании на Фајзер и Модерна.

Агенцијата појасни дека Комитетот за хумани медицински производи ЕМА препорачал одобрување на две вакцини приспособени да обезбедат поширока заштита од Ковид-19 како засилувачка доза.

Вонредната седница на Агенцијата беше свикана за да се донесе одлука пред почетокот на есенските кампањи за вакцинација. Новите вакцини се развиени за заштита на постарата подваријанта на омикрон, а не од соевите „BА.4“ и „B.5“, што брзо се шират, а се одговорни за повеќето инфекции со коронавирус во Европа во моментот.

ЕМА моментално собира информации од клиничките испитувања за друга вакцина која ќе биде прилагодена на подваријантите „BA.4“ и „B.5“.
Според проценка на Агенцијата, односните вакцини може да предизвикаат силни имунолошки реакции против омикрон и оригиналниот вид на Ковид-19 кај луѓето кои претходно биле вакцинирани.

Подготвено од М.Н.

About Author