09.09.2022 Скопје
Претседателот на Италија, Серџо Матарела кој е во официјална посета на Северна Македонија, изјавил дека со големо задоволство ја следел информацијата дека Северна Македонија конечно ќе ги започне преговорите за влез во Европската Унија.
На заедничката прес-конференција со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, Матарела кажал дека тој напредок е потврда на заложбата на Северна Македонија на сите земји кои одлучно ја поддржуваат Македонија, како што тоа го прави и Италија. Матарела изјавил и дека многу го цени трпението и напорот кој го има дадено Северна Македонија, за да ги надмине сите потешкотии и да ги подобри и односите со своите соседи.
Без влезот на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, Унијата нема да биде целосна, и затоа треба што поскоро да се направи комплетирање за навистина да биде интегриран елиот континент, рекол претседателот на Италија.
Матарела нагласил дека Италија постојано ќе биде на страната на Северна Македонија и секогаш ќе ја има нејзината поддршка на патот кој земјата треба да го изоди, за да стигне до акито на ЕУ. Претседателот на Италија, Серџо Матарела, изјавил дека искрено се надевал дека за целосно да се постигне членството во Европската Унија, би сакал патот и целиот процес да биде многу краток од очекуваното.
Претседателот на Италија, Серџо Матарела, кој е во официјална посета на нашата држава, доаѓа по цели 23 години од последната посета на некој италијански претседател.
Подготвено од М.Н.