https://www.facebook.com/photo?fbid=622830796096737&set=pb.100051094670379.-2207520000..

06.09.2022 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ, свечено го пречека неговиот колега од Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој два дена ќе биде во официјална посета на Србија.

Турскиот претседател Ердоган пристигнал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ каде што беше пречекан од Вучиќ, а во присуство на турскиот претседател имало и голем број на делегација од Турција.

Свечениот дочек на турскиот претседател Ердоган е закажан за утрешниот ден пред палатата на Србија, по што ќе следи состанок на двајцата претседатели, како и состанок на делегациите на Турција и Србија.

Се очекува да биде потпишан и договор за унапредување на економските и политичките соработки меѓу Турција и Србија.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *