01.09.2022 Скопје
Вклучување на енергетската безбедност во приоритетите на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година е навремена одлука што ја поддржуваат земјите учеснички, изјави во своето обраќање во Виена министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Во однос на најавите дека Република Северна Македонија за време на своети претседавање ќе го покаже како пример и својот пример на мултиетничка демократија и дали во моментов ќе сакаат да го слушнат нашите соседи, Османи вели дека нашата земја е уникатен модел кој може да се извезува како пример.
Од земја корисник на услугите на ОБСЕ денес станува земја која претседава со најголемата регионална безбедносна организација.
Во своето обраќање, Османи уште еднаш подвлече дека Претседавањето во 2023 година е голем успех за Северна Македонија, и ќе се одвива на линија на принципите, вредностите и заложбите на организацијата.
ОБСЕ е најголемата безбедносна политичка организација која се простира на три континенти и ви која членуваат 57-семји членки.
Нејзиното значење ние земјите на Балканот многу добро го знаеме, носејќи со себе благодарност кон Организацијата, која превентирала на бројни конфликти во нашето соседство. Од земја корисник на механизмите на ОБСЕ стануваме нејзин Претседавач, честа е голема а обврските се уште поголеми. Довербата ни е дадена од 56 земји-членки, наше е да ја оправдаме таа доверба, нека е со среќа на нашата држава, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Подготвено од М.Н.