https://www.facebook.com/photo/?fbid=487756633365274&set=pcb.487757303365207

20.09.2022 Скопје

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за Економските критериуми, рекол дека со формалното интегрирање на економските критериуми во кластер Темели, исполнувањето на Копенхашките економски критериуми ќе биде меѓу главните политички приоритети во текот на пристапните преговори.

Според главниот преговарач, формалното интегрирање на Економските критериуми во кластерот Темели ја нагласува важноста на економското управување и потребата од неговото зајакнување, со цел да се избегне ризикот на земјата да има макроекономска нерамнотежа по влезот во Европската Унија.

Во своето обраќање, вицепремиерот Маричиќ се осврнал и на досега сработеното, и потенцирал дека Северна Македонија досега има поднесено осум програми за економски реформи, и според оценките на Европската комисија, има видливо подобрување на квалитетот и на документите во целост и на економскиот дијалог.

Покрај економските критериуми, кластерот Темели за прв пат, како дел од пристапните преговори ги вклучува и функционирањето на демократските институции и реформата на јавната администрација.

Подготвено од М.Н.

About Author