20.09.2022 Скопје
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес, денеска во соработка со полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дроги, психотропни супстанци и оружје при криминалистичката полиција во СВР Велес, реализираа едукативна работилница со учениците од Средно економско училиште „Јовче Тесличков“ во Велес.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, темата на работилницата била посветена на превенција од дрога, алкохол и насилство помеѓу младите. Притоа, преку едукативно информирање на младите им биле укажани законските, социјалните, но и здравствените опасности што овие девијантни поведенија ги носат со себе. Едукативната работилница имала за цел поконкретно запознавање на учениците со зависностите од дрога и од алкохол, за реперкусиите од истите, како и превентивните мерки за заштита што им стојат на располагање на младите.
Подготвено од А.Ѓ.