20.09.2022 Скопје
Пратеникот од редовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во гостување на една национална телевизија, изјавил дека Талат Џафери како претседател си има превземено малку поголема моќ од она кое му го дава Уставот и законите во Северна Македонија.
Талат Џафери е единствена причина да го спаси СДСМ од изјаснувањето на граѓаните по однос на штетниот договор за добрососедство, и сега како и во минатото сведоци сме во повеќе наврати, изјавил Петрушевски.
Тој посочил дека договорот кој требаше да ги унапреди односите, тој ги заостри и затоа сега нашата држава се наоѓа во една комплицирана ситуација.
Мислењето кое моментално го имаат граѓаните спрема Република Бугарија, и сите истражувања кажуваат дека ние во полоша ситуација како соседи со Република Бугарија, никогаш во историјата не сме биле, кажал Петрушевски.
Во однос на активната блокада во Собранието, Петрушевски кој е пратеник од редовите на опозициската партија во Северна Македонија, изјавил дека тие секако ќе ја продолжат таа блокада, се додека не се одобри референдумското прашање и да се дозволи целосно изјаснување на граѓаните на Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.