12.09.2022 Скопје
Годинава двојно е зголемено производството на сончоглед како суровина за производство на масло за јадење, изјавил Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Голем придонес за овој успех според министерот е успешната политика на субвенционирање на земјоделците, која беше воведена по енормното поскапување на зејтинот во продажбата.
Основната цел е да се финансира сончогледот кој ќе служи како суровина за маслото за јадење и ќе се користат капацитетите на домашните преработувачи, оние кои имаа капацитет и оние кои увезуваат, изјавил министерот Николовски. Николовски изјавил дека станува збор за двојно зголемено производство, кои се опфатени со пролетната сеидба.
Сите производители на сончоглед имале аплицирано за вештачко ѓубриво од 30 проценти, и тоа значи дека треба да се очекува над 10.000 тони сончоглед и тоа е удвојување на стандардната количина за многу краток период. За сега државата има покритие за потребите за два месеци од увоз на сончоглед изјавил Николовски.
Подготвено од М.Н.