02.09.2022 Скопје
Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, поднесе оставка од функцијата поради лични и здравствени причини. Како што соопшти Министерството за одбрана, Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од пет години. Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамки на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување на Армијата, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.
Од министерството за одбрана и Армијата му упатуваат голема благодарност на Николиќ за досегашниот аражман на позицијата државен секретар и за неговиот личен придонес во развојот на институцоиналните капацитети на Армијата.
Подготвено од М.Н.