https://www.facebook.com/photo/?fbid=10160587209504897&set=pcb.10160587209599897

15.09.2022 Скопје

Состанокот на заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски, со оризопроизводителите кои деновиве протестираа поради ниската откупна цена на оризот, завршил со заклучок, да се видат можностите за утврдување на нова производствена цена и за забрзување на исплата на субвенциите.

Од страна на оризопроизводителите, заменик министерот за земјоделство, Димковски, слушнал многу поплаки како во однос на купувачите, но и за односот на државата кон нив.

Димковски заклучил дека треба да се направи медијаторство меѓу земјоделците и откупувачите, за да може да се стигне до една прифатлива цена, и со тоа производството на оризот да остане заштитен белег на овој крај и исто така откупувачите да бидат задоволни во нивните очекувања на пазарот.

Состанок со претставниците на откупните претпријатија е закажан за денес на пладне а потоа во наредните денови ќе треба да се одржи уште еден состанок со земјоделците, и на тој сосканок ќе треба да се изнесат утврдените заклучоци и ќе треба да се одреди заеднички прифатлив износ на цената што ќе се плаќа за откупен килограм арпа.

Подготвено од М.Н.

About Author