https://www.facebook.com/photo.php?fbid=446229300843626&set=pb.100063696790824.-2207520000..&type=3

20.09.2022 Скопје

Министерот на локалната самоуправа, Горан Милевски, во текот на денешниот ден ја доставил својата оставка до Владата. Од Владата изјавиле дека оставката на Милевски ќе биде разгледана, а потоа ќе биде информирано Собранието кое на седница треба да ја констатира.

Согласно процедурата, треба да биде предложено друго име кое ќе го превземе министерското место за локална самоуправа. Доколку оставката на Милевски биде испратена до Собранието пред новата 86-та седница, таа би можела да биде констатирана и во четврток за кога е и закажано парламентарното заседание.

Милевски изјавил дека од министерското место се повлекува поради лични причини, официјално се уште нема информации кој ќе го завземе неговото место, до крајот на неделата од неговата партија се очекува да предложи нов кандидат за министер.

Милевски ќе остане претседател на ЛДП се до редовниот конгрес на партијата, кој ќе треба да се оддржи во декември кога ќе треба да се избере ново раководство во партијата.

Подготвено од М.Н.

About Author