25.09.2022 Скопје
Бугарскиот премиер Галаб Донев најавил дека ќе го свика Советот за безбедност на бугарската Влада, за да донесе конкретни одлуки и мерки и истакнал дека неговата земја е подготвена за реакција.
Во врска со одлуката на рускиот претседател Путин за делумна мобилизација на руското население, Донев смета дека тоа доведува до ескалација на тензиите и до фактот дека земјите во Европа и оние кои се блиску до конфликтот помеѓу Русија и Украина, да не знаат до кога ќе продолжат воените дејствија и со каков интензитет, како и дека постапката на Русија е неприфатлива, особено поради тоа што таа е постојана членка на Советот за безбедност на ОН и треба строго да ја почитува Повелбата на ОН и да не се заканува на која било друга земја со воена сила.
Бугарскиот премиер истакна дека Бугарија нема да ги признае референдумите што се одржуваат во четирите региони во јужна и источна Украина, како и дека постои ризик за националната безбедност на Бугарија, но до овој момент се уште немало директна воена закана.
Подготвено од А.Ѓ.