https://www.facebook.com/photo/?fbid=507617294701024&set=pcb.507618014700952

11.09.2022 Скопје

Во време на светска економска криза, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со вистинска поддршка за сите земјоделци. Ваква порака до јавноста испратил претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гоце Георгиевски.

Георгиевски објаснил дека се донесени две нови дополнителни мерки за помош на лозарите и винариите, првата мерка е за предаденото грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија во висина од 2 денари по килограм. Корисници на оваа мерка ќе бидат земјоделските стопанства кои имаат површина под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година.

Оваа година грозјето од сортата Смедеревка ќе се откупува по просечна цена од 13 денари по килограм, додека Вранецот по 15 денари по килограм. Тоа е за 3 денари повеќе од ланските откупни цени.

Со дополнителните мерки на веќе договорените цени од 13 и 15 денари за килограм со втората дополнителна мерка ќе бидат додадени уште 2 денари, со што откупнавта цена на грозјето ќе достигне 15 и 17 денари по килограм грозје.

Финансиската поддршка е обезбедена и за винариите преку новата мерка за поддршка на произведено и извезено вино за период од 01.09.2021 до 01.09.2022 година.

Подготвено од М.Н.

About Author