https://www.facebook.com/photo?fbid=653043099519937&set=pcb.653043169519930

22.09.2022 Скопје

Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, се оддржала јавна дискусија „Дискриминирачки говор на дигитални медиуми-состојба и предизвици“, каде што претседателот кажал дека длабоко е убеден дека заедничката соработка на сите чинители во ова општество се клучни во борбата против дискриминирачките содржни во интернет просторот но исто така и во јавниот живот.

претседателот рекол дека сите оние кои се кријат позади тастатурата треба да бидат свесни дека ќе сносат одговорност за кажаното или напишаното. Комуникацијата не треба да биде сведена на ниво на негативна енерија, фрустрации, напади врз личности, или говор на омраза.

Не треба да се дозволи дискриминирачкиот говор да прерасне во говор на омраза а со тоа да бидат поткопани темелите на едно поштество кое треба да биде коректно и да стои на стабилна основа, потенцирал претседателот Пендаровски.

Мора да се врати назад пристојноста во комуницирањето секаде, во домовите, на работните места, во јавноста но пред се на социјалните медиуми, преба да се мери тежината на зборовите.

Неопходно е да бидат инволвирани сите граѓани бидејќи системот на санкции, закони и казни не е доволен, треба да се спречи таа проблематика само со заеднички напори, заедничка цел е да го денконтаминираме дигиталниот простор, но и јавниот простор и нашето секојдневие од дискриминирачката реторика, кажал претседателот Пендаровски.

Целта на трибината е разнема на мислења и идеи во контекст на создавање на национална платформа и план на активности за справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет просторот.

Јавната дебата била под покровителство на претседателот Пендаровски, а во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП).

Подготвено од М.Н.

About Author