https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/photos/571787947906474

16.09.2022 Скопје

Директорите на ЈП „Улица и патишта“, Борис Настов , на ЈСП Турс, Филип Василевски, и на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје, Воислав Димитровски, во текот на денешниот ден си поднеле оставки од функциите, причината која ја навеле е дека немале координација со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Настов во објава на својот фејсбук профил истакнал дека иако преку спроведените проекти и воспоставените добри практики во работењето на претпријатието, многу работи биле подобрени, реализирањето на проектите не се одвовале според неговите и очекувањата на граѓаните.

Директорот на ЈСП Турс пак, посочил дека немале поддршка од Градот, но дека сепак успеале за период од шест месеци неколкукратно да ги зголемат приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедат линеарно зголемување на платите за сите вработени. Но, Василевски посочил дека тоа не е доволно, кога ја нема поддршката од Градот Скопје и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска.

Директорот на Лајка потенцирал дека во изминатиот период претпријатието поради што немало финансиски средства за основно функционирање, правеле акции за донации со цел да не се прекине воспоставеното темпо на работата за реализација за програмата и спроведување на хуман третман кај животните. Димитровски изјавил дека во такви тешки услови без поддршка од Градот Скопје не било возможно да се раководи со ова претпријатие и дека со несебична поддршка од страна на здруженијата и активистите успеале да го зголемат капацитетот на третирани кучиња со хуман третман за околу 40 проценти.

Подготвено од М.Н.

About Author