https://www.facebook.com/photo.php?fbid=644763703874719&set=pb.100050232861148.-2207520000..&type=3

19.09.2022 Скопје

Британската кралица Елизабета Втора, која ќе биде запаметена како владетел кој владеел повеќе до 70 години, ќе биде погребана денес во Лондон.

На погребот се очекува да има околу 2.000 присутни, меѓу кои и неколку стотици шефови на држави и членови на различни монархии во светот. Тоа ќе биде првиот државен погреб по смртта на премиерот Винстон Черчил во 1965 година. Полицијата во Лондон изјавила дека нивото на безбедноста на погребот ќе биде повисока од безбедноста на Олимписките игри, кои се одржаа во Лондон во 2012 година.

Граѓаните до утрово можеа да и оддаваат последна почит на кралицата во Вестминстерската сала, пред да почне погребната церемонија.

На погребот меѓу другите, ќе присуствуваат и претседателите на САД и Франција, Џозеф Бајден и Емануел Макрон, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Се очекува да пристигне и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Бразилецот Жаир Болсонаро, саудискиот принц Мохамед бин Салман. Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе биде претставен од високиот претдтавник Ванг Кисан.

На погребот ќе присуствува и претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска, а се очекува да дојдат и членови на кралското семејство од Шпанија, Монако, Норвешка, Холандија, Данска, како и јапонскиот цар Нарухито, кој ќе го направи првото свое патување по доаѓањето на тронот во 2019 година.

Официјални лица од Русија, Белорусија, Северна Кореја и Мјанмар не биле поканети на погребот на кралицата.

Подготвено од М.Н.

About Author