https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1749765255385197&set=pb.100010552188072.-2207520000..&type=3

13.09.2022 Скопје

Освен вчера, очигледно и денешниот ден е ден за оставки. Неотповиклива оставка си поднел в.д. директорот на ЈП Градски паркинг – Скопје, Бојан Христовски, а во своето соопштение навел дека оваа негова постапка се должи на незинтересираноста на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за потребите на скопјани.

Христовски на социјалната мрежа фејсбук напишал дека во ова претпријатие влегол со план и визија, со посбетеност и професионализам и со континуирана работна динамика и се со цел за да им овозможи на своите сограѓани подеднаков третман и подобри услови за услугите кои ги пружа ова претпријатие.

Тимската работа на градоначалничката и претпријатијата е неопходна, за да се оствари функционално претпријатие. Христовски откако видел дека Арсовска не само со претпријатието каде што тој е директор туку не се поставувала како градоначалничка која треба да биде пример за сите и во други претпријатија, донел одлука дека теба да се повлече достоинствено од функцијата.

Успесите кои ги има постигнато за Градски Паркинг во едни тешки околности за него се многу значајни, и Христовски смета дека тие ќе биле уште поголеми доколку имале соработка и поддршка со градоначалничката Данела Арсовска. Нема да дозволи било кој, а најмалку луѓе кои имаат поинакви приоритети и кои се избрани од страна на народот, поради лични политики да го извалкаат угледот на луѓе кои се залагале за претпријатијата и најдостоинствено биле на своите функции, напишал поранешниот директор на ЈП Градски паркинг – Скопје, на социјалната мрежа фејсбук.

Подготвено од М.Н.

About Author