https://www.facebook.com/photo?fbid=646935200121643&set=pb.100044155070313.-2207520000..

08.09.2022 Скопје

По повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, делегација на опозициската партија предводена од потпретседателот на партијата, Александар Николоски, положија цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на првиот премиер Никола Кљусев.

Потпаролот на партијата на својата официјална страна на фејсбук, има напишано дека 31 година независност е вековен сон на секој граѓанин на Република Северна Македонија.

Иако во овој момент татковината е под силен притисок од напријателите, сепак нема да се откажат и ќе успеат да ја сочуваат и да ја изградат татковината во модерна и економски напредна држава.

Николоски напиша дека изразува голема почит кон првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, претседателот кој се залагаше за правата и достоинството на граѓаните, Борис Трајковски и првиот премиер на Македонија, Никола Кљусев.

Подготвено од М.Н.

About Author