10.09.2022 Скопје
Данската кралица Маргарет Втора, која ја обедини и модернизиураше данската монархија, овој викенд ќе ја прослави педесетгодишнината од стапувањето на тронот, но одбележувањето ќе биде нешто по скромно поради смртта на британската кралица Елизабета Втора.
Осумдесет и девет годишната кралица, позната по својот уметнички талент, која исто така е и страствен пушач и секогаш има сива пунџа, е прва жена која е седната на данскиот трон.
Маргарет е вториот монарх со најдолг стаж на владеење во данската историја, а по смртта на кралицата Елизабета Втора, која била нејзина далечна роднина, сега е и европски монарх со најдолг стаж на владеење.
Маргарет Втора се искачи на тронот во 1972 година, во период кога поддршката за данското кралско семејство било во опаѓање, но за време на нејзиното долго владеење таа придонесе за враќање на угледот на кралското семејство.
Подготвено од М.Н.