17.09.2022 Скопје
Со соопштение од опозициската ВМРО – ДПМНЕ велат дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е уценета и одработува за СДСМ и Ковачевски. Таа самата се има вброено во новоформирана коалиција од параполициските стуктури на владеачката партија.
Во соопштението се наведува дека причината за уцена со која е принудена Арсовска да одработува, односно да брка луѓе од своите позиции, не е позната.
Дали е можеби поради што е фатена во сомнеж за корупција од 160 милиони евра за пречистителната станица, за која се превзмени незаконски дејствија, кои ги има потврдено и Европската инвестициска банка, или пак дека Арсовска се поврзувала со палењето на возилото на извршната директорка на Сојузот на стопански комори и непревземање на МВР за конкретни дејствија за тој случај.
Се претпоставува дека Арсовска е принудена да соработува со СДСМ за да се спаси од кривичен прогон и затоа има влезено во новоформирана коалиција на уценети одработувачи на власта, соопштуваат од партијата ВМРО – ДПМНЕ.
Подготвено од М.Н.